Top Sport

Бакси подобри од Мајами, не помогна сезонскиот рекорд на Нана

Екипата на Мајами загуби ноќеска на гостувањето кај Милвоки со 122-108 во НБА лигата.

Кај Бакси творци на победата беа Крис Мидлтон и Брин Форбс со по 21 поен, додека Дру Холидеј мечот го заврши со 20 поени и 10 асистенции.

Кај Хитс – Кендрик Нан оствари рекорд сезонава, со 31 поен.

Во останатите ноќешни НБА дуели Лејкерси со 122-115 ја средија Индијана, Бруклин беше подобар со 105-91 од Чикаго, Њујорк по продолженија го совлада тимот на Шарлот 118-109, Минесота на свој паркет загуби со 124-108 од Бостон, додека Феникс како гостин дојде до убедлив триумф против Сан Антонио 140-103.

Scroll to Top