Top Sport

Банкеро руки на сезоната во НБА

Кошаркарот на Орландо Меџик, Паоло Банкеро е прогласен за дебитант на годината во НБА лигата.

Идниот италијански интернационалец роден во САД доби 98 од 100 гласови за прво место и убедливо ја освои првата голема награда во својата професионална кариера.

Талентираниот бек и поранешен студент на престижниот универзитет Дјук беше првиот пик на Орландо на драфтот минатата година, а во дебитантската сезона во НБА имаше просек од 20 поени, 6,9 скока и 3,7 асистенции. Тој одигра 72 натпревари.

Второто место му припадна на Џејлен Вилијамс од Оклахома, додека трет беше Вокер Кеслер од Јута.

Банкеро стана третиот играч на Меџик кој ја доби оваа наградата, претходни лауреата од оваа франшиза беа Шекил О’Нил и Мајк Милер.

Орландо ја заврши сезоната со 34 победи и 48 порази.

Scroll to Top