Top Sport

Барнс ја предводи најдобрата руки петорка

НБА го објави тимот на најдобрите дебитанти во сезоната 2021/22. Во најдобрата руки петорка се: Скоти Барнс (Торонто), Кејд Канингем (Детроит), Еван Моби (Кливленд), Франц Вагнер (Орландо) и Џејлен Грин (Хјустон).

Првите тројца ги добија сите 100 можни гласови, а изборот на најдобрите дебитанти не е позициски условен, како што е случајот кога се доделуваат други награди.

Барнс официјално ја освои титулата дебитант на годината и е првиот играч на Торонто што го направил тоа по Винс Картер во 1998 година – оваа сезона тој имаше просек од 15,3 поени и 7,5 скока.

Играјќи за Детроит, Канингем постигна 17,4 поени, 5,6 асистенции и 5,5 скока по натпревар и стана шестиот дебитант во историјата кој имал најмалку 20 поени и по пет скока и асистенции пред Ол-стар викендот.

Пред него тоа успеаја само Лука Дончиќ, Стеф Кари, Леброн Џејмс, Грант Хил и Мајкл Џордан.

Мобли е еден од само четворицата играчи кои успеале да забележат најмалку 100 блокади и 50 украдени топки. Во дресот на Кливленд имаше просек од 15 поени и фаќаше 8,3 топки по натпревар.

Вагнер е првиот играч на Орландо кој е избран во најдобриот руки тим по 2015 година, кога Елфрид Пејтон беше награден за добрите игри. Германецот во просек за Меџик бележеше 15,2 поени, 4,5 скока и 2,9 асистенции.

Грин имаше просек од 17,3 поени за Хјустон – само Канингем беше подобар од сите новајлии.

Во втората руки петорка се најдоа Херб Џонс (Њу Орлеанс), Џош Гиди (Оклахома Сити), Боунс Хајленд (Денвер), Ејо Досунму (Чикаго) и Крис Дуарте (Индијана).

Scroll to Top