Top Sport

Барнс: Пушев трева пред секој натпревар

Мет Барнс, поранешен играч на Голден стејт Вориорс и шампион во НБА лигата со овој тим во 2017 година, во разговор со американските новинари, открил дека пушел трева пред секој натпревар.

„Имавме шутерски тренинг околу 11, дома или во хотелот ќе стигнев околу 12:30 часот. Ќе свиткав и ќе испушев еден џоинт. Потоа малку спиев, па туширање, јадење и натпревар. Тоа беше мојата рутина“, рекол Барнс.

Тој дополнил дека во семејството знаеле дека „понекогаш претерувал со марихуаната“.

„Како одминуваше времето научив колку можам да испушам, а тоа да не се забележи на натпреварите. Стенав искуство“, рекол 38-годишниот кошаркар, кој кариерата ја заврши во декември минатата година.
Барн рекол дека со овој ритуал започнал уште додека бил студент на универзитетот УКЛА. Откако се „опуштил“ на еден натпревар постигнал 60 поени.

Барнс 14 години минал во НБА лигата, а покрај во Голден стејт Вориорс, играч и за Феникс Санс, Сакраменто Кингс, Њујорк Никс, Филаделфија ’76, Орландо Меџик, ЛА Клиперс, АЛ Лејкерс и Мемфис Гризлис.

Scroll to Top