Top Sport

Барса ја освои Атина и се зацврсти на врвот во Евролигата

Кошаркарите на шпанска Барселона со 76-74 славеа победа на гостувањето во Пиреја кај екипата на Олимпијакос во рамки на 23 коло од Евролигата.

Кошаркарите предводени од тренерот Јасикевичиус убедливо го добија првиот период со 21-12, а на полувреме имаа +10.
Сепак, домашните со 23-10 ја добија третата четвртина и го променија резултатот во своја полза.

Тогаш на сцена стапи Миротиќ и со 16-те негови поени успеа на Барселона да и ја донесе победата со која клубот од Каталонија се зацврси на лидерската позиција во Евролигата.

Освен Миротиќ во победничката екипа расположен за игра беше и Хигинс со 14, но и Калатес со 12 поени.

Кај Олимпијакос со 18 поени се истакна Мекисик, 12 постигна Спанулис, 11 Слукас и 10 Принтезис.

Барса досега има 17 победи, додека Олимпијакос со 11 триумфи моментно е на 11-та позиција на табелата.

Scroll to Top