Top Sport

Барса победи во Мадрид и ја осигура титулата

Барселона со 93:82 го совлада Реал Мадрид на гости во третиот меч од финалето на шпанската АЦБ лига, за да го комплетира 3:0 триумфот над лутите ривали за титулата.

По лошите настапи во Евролигата, каталонскиот клуб доминираше во финалната серија против „кралевите“, прославувајќи ја својата 20. титула во историјата сред „Визинк центарот“ во шпанската престолнина.

Јан Весели ги предводеше Барса до третата победа со 18 поени, додека Никола Миротиќ додаде 14. За Реал, Валтер Таварес беше одличен со 19 поени и 9 скока, но тоа не беше доволно да се продолжи финалната серија. Миротиќ, кого го поврзуваат со заминување од Барселона е прогласен за МВП на серијата.

Scroll to Top