Top Sport

Барса со слатка одмазда против Ефес во продолженија, Звезда го освои Санкт Петерсбург

По четири порази во низа, Барселона, конечно, го победи тимот на актуелниот шампион од Евролигата, Анадолу Ефес, триумфирајќи со 95:93 по продолжеијата во Истанбул во реприза на минатогодишниот меч за титулата.

Сертач Шанли имаше 24 поени во првиот меч против својот поранешен клуб по заминувањето за да биде лидер на Барселона, и беше одговорен за последниот поен на мечот, слободното фрлање, по што намерно го промаши второто. Барселона поведоа со 4 поени на 40 секунди пред крајот со тројката на Рокас Јокубаитис, но Ефес се врати со тројката на Адриен Мерман за 93:95, но немаше време за пресврт.

Василије Мициќ имаше 26 поени и 5 скока за Ефес, кои беа без Шејн Ларкин (14 поени) во продолжението откако тој направи пет лични грешки, а во бурниот финиш и тренерот Ергин Атаман доби две технички грешки.

Црвена звезда пак, стигна до импресивна 69:58 победа на гости кај Зенит Санкт Петерсбург, доминирајќи во целиот меч, посебно со својата одбрана. Звезда имаше 42:28 водство на полувреме, кое го зголеми на 20 поени (58:38) по паузата. Нејт Волтерс имаше 14 поени, Никола Калиниќ и Огњен Кузмиќ додадоа по 11 поени. Звезда сега има 5-8 скор, додека Зенит паднаа на 8-5.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

Уникс Казан – Олимпијакос 84:87 (20:17, 20:25, 22:17, 15:18, 7:10)

Анадолу Ефес – Барселона 93:95 (25:20, 22:17, 21:25, 12:18, 13:15)

Зенит Санкт Петерсбург – Црвена звезда 58:69 (16:23, 12:19, 12:16, 18:11)

Алба Берлин – Олимпија Милано 81:76 (19.15, 24:19, 24:22, 14:20)

Scroll to Top