Top Sport

Барса состави моќен тим, го потпишаа и Абринес

Шпанскиот кошаркар Алекс Абринес се врати во Барселона и со клубот потпишал договор до 2021 година. Одличниот бек, дресот на Барселона го носеше четири сезони (2012-2016), а изминатите три години играше во Оклахома сити Тандер, каде во февруари доби отказ.

По Никол Миротиќ, Барселона донесоа уште еден играч од НБА лигата, со што ги најавија високите амбиции во новата сезона.

Барселона сериозно работат во преодниот рок, покрај Миротиќ и Абринес, нови играчи станаа Кори Хигинс и Брендон Дејвис, а договорите ги продолжија Тома Ертел, Виктор Клавер и Адам Ханга.

Трансферот на Абринес, според генералниот менаџер Начо Родригез, е последен ова лето во Барселона.

Scroll to Top