Top Sport

Барселона има нов тренер

Шпанецот Чави Пасквал е новиот тренер на Барселона, ексклузивно објавува „Мундо депортиво“.

Пасквал се враќа во „Блауграна“, со која ја освои Евролигата во 2010 година и на чија клупа го помина периодот од 2008 до 2016 година како главен тренер, а претходно беше дел од тренерскиот штаб.

По Барселона, 53-годишниот Пасквал ги тренираше Панатинаикос и рускиот Зенит во последните пет години.

Пасквал го наследи Жоан Пењароха на клупата на Барселона и ќе потпише тригодишен договор, ќе го преземе тимот следниот понеделник, а претходно Каталонците ќе го играат натпреварот од 11-то коло од Евролигата против Виртус во петок и натпреварот од шпанската АЦБ лига против Басконија во недела.

Scroll to Top