Доколку термините во Лига Ендеса и Евролигата се поклопат Барслеона ќе ги игра само европските натпревари објавија каталонските медиуми.
Евролигата објави дека сезоната би можела да финишира со завршен турнир кој би се одиграл во јули, додека Лига Ендеса најави дека ќе организира турнир на кој ќе учествуваат 12 екипи и дека турнирот најдоцна мора да заврши на 31 јули.
Ова значи дека ќе се поклопат термините во овое две натпреварувања. Доколку се случи ова сценарио Барселона ќе го игнорира домашниот шампионат.
По оваа одлука на Барселона се наметнува прашањето каков ќе биде ставот на останатите шпански тимови кои настапуват во Евролигата (Реал Мадрид, Басконија и Валенсија).
Секако за да продолжи шпанското првенство Лига Ендеса треба да добие дозвола од владата.