Top Sport

Барселона пак го доби кошаркарското „Ел класико“

Барселона го доби големото дерби во 24. коло на шпанската АЦБ лига, победувајќи ги Реал Мадрид со 82:76 во нивната сала за да остане на првото место во лигата со 20-4 скор.

Французинот Томас Ертел имаше 15 поени,  Кајл Кјурик имаше 13, додека Џејси Керол беше најдобар за Реал со 15 поени. На табелата не се менува ништо, бидејќи Реал останува на второто место со 18-6 скор.

Ова е шеста победа на Барселона во осум меча против Реал Мадрид додека на клупата на каталонскиот клуб е Светислав Пешиќ.

Scroll to Top