Top Sport

Трагедија во Шпанија, загина 14-годишен мотоциклист на патеката Херез

Маркос Гаридо, 14-годишен мотоциклист почина во болницата во Херез по судирот на Андалузија Суперспорт 300 трката во неделата.

Гаридо, мотоциклист на шпанскиот тим Кардозо рејсинг, излетал на брзата делница на патеката помеѓу втората и третата кривина, по што друг мотоциклист налетал на него.

Трката веднаш била прекината за медицинскиот тим да може да интервенира, и тој и другиот возач веднаш биле однесени во болницата, каде што Гаридо починал од повредите.

Scroll to Top