Top Sport

Бартомеу: ФИБА колку играчи не играа за своите репрезентации

Првиот човек на Евролигата Џорди Бартомеу повторно упати критики на адреса на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).

Бартомеу стои на ставот дека организациониот систем на ФИБА, воспоставен во последните неколку години и штетел на кошарката.

Евролигата најмногу ја критикува ФИБА поради квалификациските натпревари што се играат во сезоната, што донесоа хаос во кошарката, бидејќи најдобрите играчи не можат да играат за своите репрезентации.

„календарот на ФИБА се покажа како погрешен во секое натпреварување. Од квалификациите за СП па до одлуката Светското првенство да се игра една година пред Олимписките игри“, рекол Бартомеу.

„ФИБА треба да биде искрена и да ги преиспита своите одлуки. Нека погледнат само колку играчи се откажаа од настап за своите репрезентации“.

Ставот на Бартомеу го поддржал и поранешниот прв човек на НБА-лигата, Дејвд Штерн.

Кон крајот на наредната сезона Евролигата и ФИБА ќе имаат дополнителен проблем бидејќи елитното европско натпреварување ја продолжи сезоната со зголемувањето на екипите, од 16 на 18. Ова ќе претставува проблем како крајот на сезоната ќе се вклопи со квалификациските турнири на ФИБА за пласман на Олимписките игри.

Scroll to Top