Top Sport

Баскет квалификации: Пораз од Австрија, победа над Унгарија

Баскет репрезентацијата на Македонија, забележа пораз и победа во квалификациите за Евро купот кои се одржуваат во Братислава, Словачка.

Во спортската сала во Братислава, во првиот натпревар од групата „Б“ на овој турнир, Австрија ја совлада нашата селекција со (22:17), и направи чекор понапред кон следната фаза.

Во доста израмнет натпревар, во кој противникот имаше постојано водство, но не поголемо од два поени, Австријците имаа подобар финиш. Стигнаа до победата благодарение на трите реализирани шутеви за два поени.

Ервин Цого постигна осум поени за нашата селекција, Ристов и Дујковиќ имаа по четири, додека Миновски уфрли еден поен.

Македонската баскет репрезентација, во второто коло славеше убедлива победа над Унгарија 21:12. Дујковиќ постигна осум поени, Ристов шест, Цого пет, а Милорад Миновски два поени.

Македонија сега го чека исходот од последниот меч од групата „Б“ во кој ќе се сретнат селекциите на Австрија и на Унгарија.

Првопласираните две селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналната фаза.

Scroll to Top