Top Sport

(Видео) Навивачи на Интер влегоа во хотелот кај своите миленици

Во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул ќе се сретнат Манчестер сити и Интер. Натпреварот започнува во 21:00 часот.

Тимот на Пеп Гвардиола е голем фаворит според обложувалниците. Во случај на победа, тоа би била прва европска шампионска титула во историјата за Манчестер сити. Интер се бори за четвртата титула, прва по 2010 година.

Поддршката за Интер е бурна и жестока токму поради тоа што тимот на Симоне Инзаги е аутсајдер на овој натпревар.

Италијанските навивачи ги пречекаа своите играчи пред хотелот, а дел од нив го пробија обезбедувањето и упаднаа во хотелот. Во фоајето следело навивање, по што обезбедувањето морало да ги замоли да си заминат за да не им пречат на играчите.

Scroll to Top