Top Sport

Басконија доминираше против ослабениот Реал (видео)

Винсен Поаре и Јоханес Фоигтман имаа одлична партија за Басконија да стигне до 86:76 победа над Реал Мадрид и да се доближи до место во плеј-офот во Евролигата.

По израмнетото прво полувреме, Басконија успеа да се одвои во третата четвртина за на крајот да стигне до важна победа во 28. коло. Во составот на Мадрид, актуелниот шампион од Евролигата, отсуствуваа Факундо Кампацо, Валтер Таварес, Габриел Дек и Фелипе Рејес и ова веднаш се почувствува во играта.

Поаре со 19 поени и 16 скока беше најдобар поединец на теренот, Фоигтман додаде 13 поени и 12 скока, а Лука Вилдоза додаде 20 поени, додека за Реал Треј Томпкинс имаше 17 поени. Со победата, Басконија го подобри скорот на 15-13 и остана на 6. место, додека Реал има 21-7 и е на третото зад ЦСКА Москва и Фенербахче.

ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО

Химки – Макаби Тел Авив 71:76 (24:15, 15:25, 16:19, 16:17)

Жалгирис Каунас – Дарушафака 94:67 (22:18, 27:12, 19:16, 26:21)

Басконија – Реал Мадрид 86:76 (22:18, 17:18, 25:17, 22:23)

Армани Милано – Панатинаикос 83:95 (20:23, 27:21, 17:28, 19:23)

Scroll to Top