Top Sport

Басконија го наследи Реал на шпанскиот трон

Кошаркарите на Басконија ја освоија титулата во Шпанија. Во финалето на завршниот турнир Басконија ја победи Барселона 69:67. Победничкиот кош го постигна Лука Вилдоса на три секунди до крајот.

Покрај Вилдоса херој на Басконија и е и Акиле Полонара кој во финишот погоди важна тројка, а потоа му асистираше на Вилдоса за победничкиот кош.

Барселона го имаше последниот напад меѓутоа Кори Хигинс не успеа да погоди за три поени.

Вилдоса мечот го заврши со 17 поени, Шенгелија постигна 14, а Диоп 10 поени. Кај Барселона се истакна Ертел со 21 поен.

Scroll to Top