Басконија го победи Фенербахче 88:83 и го намали резултатот во четврт-финалната серија на 2:1.
Шпанскиот преставник во Евролигата, за разлика од првите две средби во Истанбул успеа да му се спротивстави Фенербахче и да ја избегне елиминацијата.
Басконија од почетокот го диктираше ритамот на натпреварот, а во првото полувреме со две сериии 10:0 и 10:2, обезбеди предност од девет поени.
Фенербахче успеа да ја стигне предноста на домаќинот во финишот на третиот период, да се доближи на поен негатива (67:66). Меѓутоа во последниот период Летонецот Тима со осум поени иницираше серија од 15:0 на Басконија со која практично го реши мечот.
Бубоа ја предводеше Басконија со 21 поен, Војтман и Поаре постигнаа по 12 поени, еден повеќе од Уертас кој имаше и седум асистенции.
Фенер го предводеа Весели и Слукас, двајцата завршија со „дабл-дабл“. Весели имаше 17 поени и 10 скока, а Слукас 14 поени и 11 асистенции.
Четвртиот меч се игра в четврток од 21 часот, домаќин повотрно ќе биде Басконија.