Top Sport

Батлер официјално ја засили Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звездапотврди дека надворешната линија ја засили со американскиот комбо-бек Џаред Батлер.

Батлер, поранешен играч на Филаделфија и поранешен шампион на НЦАА со Универзитетот Бејлор, потпиша договор со белградскиот клуб ова утро.

Неговото доаѓање треба да ги пополни празнините на позициите плејмејкер и бек-шутер кои во моментов се празни поради повреди на неколку важни играчи (Девонте Греам, Ајзеа Кенан, Тајсон Картер).

25-годишниот Американец, висок 191 сантиметар, беше избран од Њу Орлеанс Пеликанс на НБА драфтот во 2021 година, по извонредната колеџ кариера во која го предводеше Бејлор до историска титула во шампионатот на САД.

За време на неговата НБА кариера, Батлер играше за Јута Џез, Оклахома Сити Тандер, Вашингтон Визардс и Филаделфија.

Настапи на 148 натпревари со просек од 6,7 поени, 1,5 скока и 2,8 асистенции по натпревар, а се очекува да донесе дополнителна енергија, прецизност во шутирањето и искуство од најсилната лига во светот во Звезда.

Scroll to Top