Top Sport

„Бејби Шек“ повторно ќе игра кошарка

Грчкиот кошаркар Софоклис Скорцанитис ќе се врати на кошаркарските терени по пауза од 18 месеци.

Играчот познат како „Биг Софо“ или „Бејби Шек“ би требало да потпише договор со новиот член на грчката прва лига, Јоникос.

Последнот ангажман Скорцанитис го имаше во јануари 2018 година во екипата на Трикала.

Најдобрите години во кариерата 34 годишниот Скорцанитис ги имаше во Олимпијакос и Макаби од Тел Авив. Со израелскиот тим во 2014 година ја освои Евролигата.

Scroll to Top