Top Sport

Фриц победи во Исборн, Сонего ја освои Анталија

Тејлор Фриц победи на турнирот во Истборн, а Лоренцо Сонего ја освои титулата на турнирот во Анталија. .

Фриц во финалето на тутнирот во Истборн го победи искусниот сонародник Сем Квери 6/3, 6/4. 21 годишникот од Калифорнија ја освои првата титула во кариерата за која е награден со чек од 118.000 долари.

Во Анталија Сонего, по голема борба која траеше два часа и 49 минути го победи Миомир Кецмановиќ.

Италијанецот во првиот сет не искористи четири сет топки, а Србинот во вториот не успеа да реализира меч топка. На крајот Сонего победи 6:7, 7:6, 6:1.

Scroll to Top