Top Sport

Бекот на „сонцата“ – Девин Букер испишува историја!

Кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер испишува историја во НБА лигата. Бекот стана играч со најмногу поени (542) во дебитантскиот настап во плеј-офот.

Тој до ова достигнување стигна во четвртиот меч од финалната серија во лигата, против Милвоки, кога постигна 42 поени.

Тоа беше доволно за да го престигне досегашниот рекордер и поранешен кошаркар на Голден Стејт вориорс, Рики Бери со 521 поен.

На првите 5 позиции на оваа листа се уште и овогодинешниот дебитант Тре Јанг (461 поен), Леброн Џејмс (400) и Карлос Бузер (400).

Букер во финалната серија со Бакси просечно бележи по 27,5 поени по меч, а моментно во финалето е израмнето во победи – 2:2.

Scroll to Top