Top Sport

Корона потреси во „дрим-тимот“ на САД, откажана и пријателската со Австралија

Најголемиот фаворит за олимпиското злато на кошаркарскиот турнир мора да прави непланирани промени во последен миг.

Пред патувањето кон Јапонија, четата на Грег Попович остана без Бредли Бил (28 години, 191 сантиметар). Тој влезе во Ковид-протоколот и не може да биде дел од тимот.

Иако не е заразен, тој бил со некој кој е позитивен на вирусот, па нема право да биде со екипата. Иако во неколку наврати нагласува дека сон од детство му е да настапи на ОИ, сепак ќе чека некоја нова можност.

Поради тоа Американците во „минута до 12“ ќе мора да бараат замена за бекот на Вашингтон.

Токму поради ковид-протоколите нема да се одигра и денешниот пријателски подготвителен меч меѓу САД и Австралија, а не е познато кој ќе го заземе местото на Бил во селекцијата,

Во Ковид-протоколот влегол и Џерами Грент (27 години, 203 сантиметри, крило), но селекторот Попович изразил надеж дека тој сепак ќе може да патува кон Јапонија.

Scroll to Top