Кошаркарот на Вашингтон Визардс Давис Бертанс решил да не игра во завршницата на сезоната во НБА лигата. Најсилната лига во светот е планирана да се одигра во Орландо од 30 јули.
Во американската сојузна држава Флорида се зголемува бројката на заразени со коронавирусот, од НБА ја следат ситуацијата, но барем засега планираат да го реализираат својот план.
Неодамна комесарот на НБА Адам Силвер изјави дека нема да се смета за кршење на договорот доколку некој играч реши да не игра во Орландо.
Бертанс ова лето ќе стане слободен играч, сезонава тој има просек од 15,4 поени и 4,5 скока. Еден е од најдобрите во шутот за три поени во НБА лигата со реализација од 42,4 отсто.