Центарот на Мајами Хит Бем Адебајо смета дека заслужил да го биде прогласен за најдобра дефанзивец во НБА лигата во сезоните 2020/21. и 2021/22, кои им припадна на новиот центар на Минесота, Руди Гобер и плејмејкерот на Бостон, Маркус Смарт.
„Ја заслужив наградата за најдобар дефанзивец во последните две сезони, тоа признание ќе го добијам следната година“, изјави американскиот репрезентативец.
Адебајо е во лигата од 2017 година, кога беше избран од Мајами како 14. пик во првата рунда. Во претходната сезона одигра 56 натпревари (сите како стартер), а имаше просек од 19,1 поен, 10,1 скока, 0,8 блокади и 1,4 украдени топки по натпревар.
Тимот предводен од Ерик Споелстра играше во финалето на Истокот, загуби во седум натпревари од Бостон.
Следната НБА сезона започнува на 18 октомври.