Top Sport

Беверли и Вилијамс: Јокиќ е пеколен играч, ништо не му можевме

Денвер Нагетс направија уште еден сензационален пресврт, иако губе а 1:3 во серијата со ЛА Клиперс, успеаја да добијат три натпревар по ред и да се пласирата во финалето на Западот.

Мајсторката Нагетс ја добија со 104:89. Блескаше Џамал Мареј со 40 поени, а уште една монструозна партија која ја воодушеви Америка пружи Никола Јокиќ (16 поени, 22 скока, 13 асистенции, 3 блокади). Српскиот центар во последните три натпревари едноставно беше нездржлив за играчите на ЛА Клиперс.

Јокиќ беше тема на прес-конференцијата на која беа играчите на Клиперс Патрик Беверли и Лу Вилијамс.

„Што мислите вие? Искрено ве прашувам. Сте играле кошарка, ја следите долго време. Што мислите? Што уште можевме да направиме? Човеку! Тој е пеколен играч. Никој не сакаше тој да дојде вечерва и да ни даде 50 поени. ‘Зема’ тешки шутеви и погодува. Да си ти тренер што би ни кажал дека треба да направиме“, рекол Беверли, а потоа продолжил неговиот соиграч Вилијамс.

„Знаете, барем се обидовме“, со што ги насмеал сите кои го следеле пресот, а потоа продолжил.

„Пробавме се. Имавме неколку договорени начини да го чуваме“, рекол „Слаткиот Лу“, на што се надоврзал Беверли.

„И ништо не помогна“.

„Некогаш едноставно ќе наидете на посебни луѓе и тогаш не е важно каква одбрана ќе одиграте, ништо веќе не е релевантно. На такви луѓе не им можете ништо“, заклучил Лу Вилијамс.

 

Scroll to Top