Top Sport

Голманот го напушти Арсенал – Мартинез се пресели во Астон Вила

Голманот Емилијано Мартинез го комплетираше трансферот во Астон Вила. Арсенал од продажбата заработи 20.000.000 евра.

Мартинез реши да го напушти Арсенал бидејќи не доби гаранции дека ќе биде прва опција на голот покрај Бернд Лено.

Мартинез блесна во финишот на минатата сезона кога доби шанса по повредата на Лено. Со него на голот Арсенал најпрвин ја освои титулата во ФА купот, а потоа и во Комјунити шилд.

Астон Вила минатата сезона имаше проблем на голманската позиција откако се повреди првиот голман Том Хитон.

Мартинез осум години беше под договор со Арсенал, но поради силната конкуренција долго време мина на позајмици во други тимови: Оксфорд, Шефилд Вендздеј, Ротерам, Вулверхемптон, Хетафе и Рединг.

Scroll to Top