Top Sport

Без Хрвати и Муслимани немаше да ја има Црвена звезда

Ален Омиќ, Бошњак роден во Тузла, го носи дресот на кошаркарската репрезентација на Словенија, минатата недела потпиша договор до крајот на сезоната со Црвена звезда. Доаѓањето на Омиќ предизвика гнев кај навивачката група „Делии“, кои најавија дека нема да ги следат натпреварите додека Омиќ е дел од тимот.

Дебито на Омиќ против Олимпијакос, во петокот, делот од трибините каде вообичаено се сместени „Делиите“ го испрати со свирежи, погрдни зборови и траснпарент кој поттикнува омраза.

„Шипрат, Хрват, Балија, не се моја дружина“.

Остатокот од гледачите му дадоа поддршка на Омиќ и со свирежи ги испратија сите навреди кои „Делиите“ ги испратија на негова адреса.

Во финишот на мечот тие истакнаа уште еден транспарент: „Благодарност до управата за радоста и титулите. Додека игра кон не треба, не сметајте на нас!“.

Претходно тие откриле дека на состанок со претседателот Небојша Човиќ отворено кажале дека не го сакаат Омиќ во тимот.

Ова поттикнување на омраз го коментираа и неколку легенди на Црвена звезда. Генералниот секретар Владимир Цветковиќ, поранешен кошаркар, се потсетил на времињата кога фудбалскиот клуб владееше со Европа.

2Многу играчи од Хрватска и Босна играле во кошаркарскиот клуб Црвена звезда, уште повеќе играле во фудбалскиот клуб. Ќе се сетите само на една од најубавите кации во историјата на Црвена звезда, во првиот полуфинален меч против Баерн во Минхен кога победивме 2:1. Белодедиќ ја одзеде топката го проигра Хрватот Просинечки, кој му ддаде на Србинот Биниќ, кој нафрли, а Македонецот Дарко Панчев постигна гол. Навивачите не би требало да го користат спортот и спортиските натпревари за тука да ги искажат бесот и омразата. Тоа не е спортски, не е во духот на Звезда, а не е ниту човечки“, рекол Цветковиќ.

Неговото мислење го дели Љупко Петковиќ, Србин од Хрватска, кој како тренер го предводеше клубот до европската титула.

„Во минатото за да играш во Звезда беше важно да знаеш да играш. кај нас во тимот беа Савичевиќ, Шабанаџовиќ, просинечки, Белодедиќ и никој не ги праша од каде се. Сега е поинаку поради војната. Наместо да одиме кон помирување ние гаиме омраза“, рекол Петровиќ.

Scroll to Top