Top Sport

Кузмановски еден од најдобрите млади играчи на ЕП

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е е еден од оние млади играчи кои го обележале Европското првенство кое синоќа со победа на Шпанија заврши во Загреб.

Кузмановски одигра одличен турнир постигна 15 гола, во второто коло на натпреварот со Црна Гора беше прогласен за МВП.

Хрватските медиуми Кузмановски го вроија меѓу најдобрите млади играчи на ова ЕП.

Покрај Кузмановски тука се уште Дика Мем (Франција), Симон Јепесен (Шведска), Станислав Кашпарек (Чешка), Милош Јовановиќ (Србија), Јанус Дал Смарасон (Исланд), Алиаксандар Падшвалов (Белорусија), Филип Хенингсон (Шведска) и Урх Кастелиќ (Словенија).

фото/http://cro2018.ehf-euro.com

Scroll to Top