Top Sport

Без публика на Ф4 во Евролигата

Завршниот турнир во кошаркарската Евролига ќе се одржи без присуство на публика. Фајнал Фоур турнирот на програмата е од 28. до 30.мај во Келн.

Европските медиуми, објавија дека Евролигата, во договор со германската Влада, донела ваква одлука. Владата на Германија не била подготвена да презема дополнителни ризици во врска со пандемијата со коронавирусот.

На завршниот турнир ќе биде ограничен и бројот на медиуми и останатиот персонал. Сите ќе мора да ги почитуваат епидемиолошките протоколи.

Scroll to Top