Top Sport

БиХ храбро падна во Келн, први победи за Хрватска и Црна Гора

Макс Верстапен го победи Шарл Леклер во борбата за пол-позицијата, пред трката за Големата награда на Холандија. Пред домашната публика, Верстапен го извозе најбрзиот круг 1:10.342 минути. Леклер за 22 илјадити делови од секундата беше побавно.

Трет на утрешниот старт ќе биде Карлос Саинц од Ферари, а потоа следуваат возачите на Мерцедес и Ред Бул Луис Хамилтони и Серхио Перез. Следуваа Џорџ Расел, Ландо Норис, Мик Шумахер, Јуки Цунода и Ленс Стриол.

Финишот на квалификациите го обележа Серхио Перез, кој се изврте со својот болид во третиот сектор. Инцидентот се случи во моментот кога двајцата возачи на Мерцедес ги возе своите најдобри времиња.

Трката на патеката во Зандворт ќе започне утре во 15 часот.

Кошаркарите на Црна Гора ја забележаа првата победа на Евробаскетот. Во А-групата Црногорците ја победија Белгија. Први победи запишаа репрезентациите на Финска и Хрватска. БиХ одиграа одлично првото полувреме против Германија, но не успеа да приреди изненадување.

Црна Гора ја победи Белгија со 76:70. Црногорците по три четвртини ги решија дилемите околу конечниот победник. Во последната четвртина влегоа со предност 68:50.

Бојан Дубљевиќ ја предводеше Црна Гора со 21 поен, 11 скока и четири асистенции. Два поени помалку со пет асистенции реализираше Кендрик Пери.

Финска ја декласира селекцијата на Полска со 89:59. Ветеранот Сасу Салин беше најефикасен со 18 поени, поен повеќе од Лаури Марканен. По две кола Финска и Полска имаат по една победа и еден пораз.

Хрватска по дрматичниот пораз од Грција, ја оправда фаворитската улога против Велика Британија. Импресивни беа Хрватите во третата четвртина во која постигнаа 35 поени, а примија само девет. Хрватите славеа со 86:65 . Хрватска има победа и пораз, Британците го забележаа вториот пораз. Бојан Богдановиќ и Дарио Шариќ се издвоија кај Хрватска со по 15 поени.

БиХ одигра добро прво полувреме против домаќинот Германија, на крајот квалитетот и подолгата клупа го решија мечот во корист на Германија 92:82. Третата четвртита беше клучна, Германија ја доби со 28:11 и успеа минусот од пет поени да го претвори во плус од 12 кошеви.

Џанан Муса со 28 поени, односно Јусуф Нуркиќ со 21 поени и шест скока се истакнаа кај БиХ. Денис Шрудер ја предводеше Германија со 18 поени, Тиман уфрли 14.

Scroll to Top