Центарот на Будуќност од Подгорица, Гога Битадзе е избран за најдобар млад кошаркар во АБА-лигата, оваа сезона. Грузиецот добил најмногу гласови во гласањето на тренерите, новинарите и комисијата на АБА-лигата.
Битадзе, сезоната ја започна во Мега Бемакс, а кон крајот на годината се пресели во редовите на Будуќност. Во регуларниот дел од сезоната бележел 16,3 поени, 6,4 скока и 2 блокади по натпревар.
На крајот од гласањето Ботадзе добил 42 отсто од гласовите, на второто место завршил Бориша Симаниќ од Црвена ѕвезда, а трет е играчот на Олимпија Лука Шаманиќ.