Натпреварот помеѓу Будуќност и Црвена звезда од регионалната АБА лига и официјално беше „прекинат“, откако судиите во „Морача“ симболично ја потфрлија топката во терминот кога мечот требаше да стартува со кошаркарите на црногорскиот тим на теренот, а со тие на Звезда во Белград.
Звезда не отпатува во Црна Гора поради политички причини, односно поради контроверзниот закон за цркви донесен во оваа земја, што го објасни претседателот на Звезда, Небојша Човиќ на прес-конференција.
„Кошаркарскиот клуб Црвена звезда немаше намера да политизира ништо во кошарката во однос на случувањата во Црна Гора. Сите добро знаат дека Звезда е медиски и идентитетски врзана за Република Србија, како и другите клубови. Не е голема задача да се сфати колку ваков настап би можел да биде погоден за манипулација и политички игри“, изјави Човиќ.