Србија, на домашен терен, не успеа да ја победи Италија и да се пласира на олимписките игри во Токио. Азурите, иако кончениот резултат не го покажува тоа (102:95), ја декласираа Србија во култната сала „Александар Николиќ“.
По мечот Србите беа самокритични, а најжесток во критиките бил долгогодишниот репрезентативец Немања Бјелица. Кошаркарот на Мајами Хит, најави и повлекување од националниот тим.
„Игравме како го..а, а се обидовме да одиграме нешто. Со ваков став не можеме да играме кошарка. Нема да говорам дека бевме под притисок, бидејќи ако не си овде во тимот 100 отсто, тогаш нешто не е во ред. Нашето однесување мора да се смени. Драго ми е што сум дел од овој тим, драго ми е што бев дел од тимот пред две години. Луѓе, за пет години ќе исчезнеме доколку нешто не се смени, Мораме да работиме подобро, доколку сакаме нешто да направиме“, рекол Бјелица.