Кошаркарите на Портланд Трејлблејзерс и Денвер Нагетс одиграа историски меч, по четири продолженија славеа домаќините 140:137 и поведоа во плеј-оф серијата со 2-1. Ова беше првиот меч со четири продолженија уште од 1953 година.
Портланд до победата го предводеше брилијантниот Си-Џеј Мекалум со 39 поени, 8 скока и 4 асистенции. Демијен Лилард заврши со 28 поени, Родни Худ и Енес Кантер постигнаа по 19, односно 18 поени, а Турчинот имаше и 15 скока.
На спротивната страна Никола Јокиќ забележа трипл-дабл со 33 поени, 18 скока и 14 асистенции. Неверојатен е податокот дека српскиот центар играше 65 минути. Тој во игра беше во последните две четвртини и во продолженијата.
Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со 34 поени, Вил Бартон постигна 22, пол Милсап имаше 17 поени и 13 скока.
Четвртиот меч се игра в понеделник, а домаќин повторно е Портланд.