Top Sport

Блејзерс се продаваат за две милијарди долари

Основачот на компанијата „Најки“, Фил Најт и ко-сопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Алан Смолински, поднесоа заедничка понуда за купување на НБА тимот Портланд Трејл Блејзерс, објави новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Се наведува дека официјалната понуда на ова богато дуо е повеќе од две милијарди долари и се очекува дека ќе успеат да го купат тимот кој се натпреварува во НБА од 1970 година.

Во моментов се водат преговори со корпорација предводена од Пол Ален, која моментално е сопственик на тимот од Орегон.

Бизнисменот Најт е роден во оваа сојузна држава, студирал на Универзитетот во Орегон и таму е основана глобално популарна компанија која се занимава со производство и продажба на спортска опрема. Најт (84) важи за еден од 25-те најбогати Американци, а неговото богатство се проценува на околу 50 милијарди долари.

Портланд е еден од најмалите пазари во НБА, но според некои рангирања, клубот е 13-ти најскап во лигата. Блејзерс еднаш биле шампиони. Титулата ја освоија во 1977 година.

Scroll to Top