Top Sport

Блесна на Мундобаскетот си обезбеди трансфер во Фенербахче

Летонецот Артурс Жагарс блесна на Светското првенство во Манила. Со Летонија го освои петтото место и влезе во историјата кога против Литванија подели 17 асистенции.

Неколку клубови покажаа интерес за Жагарс. Најупорни беа Жалгирис и Партизан, но како што објави „Баскетњуз“ тој ќе ја продолжи кариерата во Фенербахче.

Турскиот евролигаш ќе го испрати Жагарс на позајмица во Литванија, во екипата на Вулс, но ќе го задржи правото да го врати во своите редови кога и да сака во текот на сезоната.

На Светското првенство Жагарс во просек бележеше по 12,7 поени и 7,4 асистенции.

Scroll to Top