Блокотехна ја продолжи фантастичната низа на резултати, откако во четвртиот натпревар во Балканската лига (БИБЛ) стигна до третата победа, овојпат со 98:74 на гости кај Ибар во Рожајe, Црна Гора.
Блокотехна, предводена од Марјан Илиевски на клупата, има 8 победи во деветте официјални натпревари оваа година, во БИБЛ и во македонскиот шампионат, а единствениот пораз го претрпеа од Левски во Софија.
Против Ибар, тимот од Гевгелија водеше од стартот до финишот за импресивна победа. Антон Казарновски имаше 24 поени, додека Двејн Бенџамин додаде 21 поен, 10 скока и 5 асистенции.
Фото: БИБЛ лига