Top Sport

Блокотехна останува на врвот во Суперлигата, Охрид победи за градоначалникот

Блокотехна ја завршува 2018 година како лидер во македонската Суперлига, откако релативно лесно со 81:69 го победија Куманово во дербито на 10. коло.

Гевгеличани почнаа одлично и направија предност од 19:8, но потоа кумановци успеаја да го одржат балансот и да го направат мечот поинтересен, дури поведувајќи на почетокот на третата четвртина. Блокотехна има 9-1 скор во првите десет меча од сезоната.

Тимот на Охрид пак направи мал подвиг, победувајќи на гостувањето кај Гостивар со 89:94, по што триумфот го посветија на градоначалникот, Јован Стојаноски, кој почина денеска.

МЗТ Скопје имаше лош старт и лош финиш на мечот, но успеа да го совлада тимот на Пелистер на гости со убедливи 83:71, додека Кожув го „растури“ Шкупи со 121:87.

СУПЕРЛИГА, 10.КОЛО

Шкупи – Кожув 87:121 (23:32, 19:27, 21:36, 24:26)

Гостивар – Охрид 89:94 (26:28, 24:15, 27:27, 12:24)

Пелистер – МЗТ Скопје 71:83 (20:20, 13:19, 13:18, 25:16)

Блокотехна – Куманово 81:69 (25:21, 17:16, 10:11, 29:21)

Scroll to Top