Српскиот кошкаркар Бобан Марјановиќ е нов член на Далас маверикс, јавуваат повеќе американски извори, каде што ќе биде колега со словенечката атракција, Лука Дончиќ.
Марјановиќ, кој претходно играше за Сан Антонио, Лос Анџелес клиперс и Филаделфија, как о слободен агент потпишал двегодишен договор вреден 7 милиони долари, објавува „Атлетик“. Марјановиќ кај Маверикс би требало да добие повеќе шанси за игра, бидејќи единствен центар на клубот е Тунижанецот Салах Межри, а тој е второ засилување за Далас по потписот на Криштапс Порзингис.
Марјановиќ има 186 НБА меча и просек од 6.2 поени и 4 скока со само 10 минути по натпревар.