Top Sport

Бодирога може да заврши и во затвор, возел 174 км. на час низ Белград

Легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога утринава неколку минути по полноќ бил фатен од полицијата додека со своето „масерати“ возел со брзина од 174 километри на час во Белград, на место каде е дозволемо движење со максимум 80 км. на час.

Според информациите во српските медиуми, од Судот во Белград очекуваат пријава против Бодирога кој по прекршокот не бил приведен.

Информациите се дека 8 минути по полноќ екс-кошаркарот бил запрен на патот од Шид кон Белград, на подрачјето на Нов Белград.

Според член 330 од Законот за безбедност во сообраќајот, за ваквото возење на Бодирога може да добие 15 казнени поени, забрана за возење до 8 месеци, парична или затворска казна до 15 дена.

Дејан Бодирога е еден од најдобрите кошаркари кои никогаш не заиграле во НБА лигата. Во богатата кариера има настапи за Олимпија Милано, Реал Мадрид, Панатинаикос, Барселона и Виртус Рома, а со кошаркарската селекција двапати беше светски првак (1998 и 2002 година) но и трипати се искачи на „покривот“ на Европа, во 1995, 1997 и во 2001 година.

Scroll to Top