Top Sport

Богдановиќ и Зубац блескаа против лидерот во НБА лигата

Во вторникот вечерта во НБА лигата се одиграа само четири натпревари. Во дербито, ЛА Клиперс славеа над лидерот во лигата, Кливленд Кавалирс со 132:119.

Српско-хрватското дуо, Богдан Богдановиќ и Ивица Зубац блескаа против Кавалирс. Богдановиќ со 100 отсто реализација постигна 20 поени, а Зубац одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата (28 поени, 20 скокови).

Клиперси до победата ги предводеше Кавај Ленард со 33 поени, додека 22 уфрли Џејмс Харден.

Од друга страна, фаворизираниот Кливленд го предводеа Штрус со 24, Мичел со 18 поени и 11 асистенции и Еван Мобли, Дариус Гарланд и Диандре Хантер со по 17 поени.

Резултати:

ЛА Клиперс – Кливленд 132:119
Голден Стејт – Милвоки 104:93
Бостон – Бруклин 104:96
Шарлот – Атланта 102:134

Scroll to Top