Српските репрезентативци Богдан Богдановиќ и Василије Мициќ имаат нови тимови во НБА лигата.Богдановиќ кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Клиперс, а Мициќ во Феникс Санс.
Атланта Хокс го испрати Богдан Богдановиќ и три пика од втората рунда во Лос Анџелес Клиперс за Теренс Ман и Бонс Хајланд.
За триесет и двегодишниот Богдановиќ ова ќе биде трет НБА тим во кариерата, бидејќи пред Атланта настапуваше за Сакраменто Кингс.
Сезонава играше многу полошо од претходните, во просек бележи 10 поени, 2,8 скока и две асистенции по натпревар, со многу слаби 37 проценти шут од поле, за 25 минути на теренот.
Тој го одигра својот последен натпревар за Хокс на 26-ти јануари и се очекуваше да биде трејдуван долго време, додека Атланта се ослободи и од крилото Деандре Хантер, кој замина во Кливленд Кавалирс.
Искусниот српски бек има договор од 16 милиони долари годишно до летото 2026 година, со тимска опција за сезоната потоа.
Како што објави инсајдерот во НБА, Шамс Каранија, Феникс Санс го испрати Јусуф Нуркиќ и пик од првата рунда во 2026 година во Шарлот, а за возврат ги доби Весилије Мичиќ, Коди Мартин и пик од втората рунда во 2026 година.
За триесет и едногодишниот Мичиќ ова ќе биде трет НБА тим во кариерата, откако претходно настапуваше за Оклахома Сити Тандер.
Оваа сезона имаше просек од 7,5 поени и 3,5 асистенции по натпревар, а најдобрата партија ја имаше неодамна против Клиперс, кога имаше 20 поени и четири асистенции.
Нуркиќ игра лоша сезона, во која бележеше само 8,6 поени и 9,2 скока по натпревар, со само 45 проценти шут од поле, речиси најлошото во неговата кариера.
Феникс сакаше да се ослободи од Нуркиќ и неговиот договор, па мораше да плати со пик од првиот круг, а впечатокот е дека трејдот е направен за Коди Мартин.
Засега не се знае дали Санс сакаат да го задржат Мичиќ во својот ростер или наскоро ќе го отпуштат.