Top Sport

Богдановиќ до Антиќ: Да не ти е финтата при шутот, ќе работеше како обезбедување (Видео)

Богдан Богдановиќ, новата ѕвезда на Сакраменто Кингс, и покрај клупските обврски има време да ги следи натпреварите кои во АБА-лигата ги игра неговиот пријател Перо Антиќ.

На утринскиот тренинг по натпреварот со Сан Антонио Спарс, кој Богдановиќ го заврши со 15 поени, српскиот репрезентативец на индивидуален шутерски тренинг погодил 400 тројки од 487 обиди.

Серијата на Богдановиќ на „Твитер“ ја објави неговиот менаџер Александар Рашковиќ.

Неколку часа подоцна Богдановиќ го следел дуелот во АБА-лигата помеѓу Мега Бемакс и Црвена звезда и да го искоментира твитот на Антиќ.

За потегот кој АБА-лигата го прогласи за најдобар во 13.коло, Македонецот на „Твитер“ напишал: „Повторно работи фината при шутот“.

На ова Богдановиќ му одговорил.

„Ако ја немаше финта при шутот, ќе беше добар како обезбедување“.

Scroll to Top