Top Sport

Богдановиќ промаши тројка за победа во Бостон (Видео)

Бостон Селтикс во драматичен финиш успеаја да ги победат Сакраменто Кингс 103:102. Тројка за победа на Сакраменто на три секунди до крајот промаши Богдан Богдановиќ.

Натпревар со многу пресврти одиграа Селтикс и Кингс на крајот Бостон го забележаа 12 триумф, а Сакраменто деветтиот пораз во 16 натпревар сезонава.

Богдановиќ на 40 секунди до крајот им донесе предност на Кингс 101:102, потоа во наредниот напад за Бостон погоди Маркус Смарт и го постави конечниот резултат.
Кингс не успеаја да победата иако Бади Хилд мечот го заврши со 41 поен. Кај Бостон се истакнаа Џејлен Браун со 24 и Џејсон Тејтум со 20 поени.

Актуелните шампиони Торонто Репторс во дербито славеа над Филалдлефија 101:96. Најдобриот играч на Филалдлефија Џоел Ембид мечот го заврши без поени што е вистински раритет.

Паскал Сијакам и Фред Ванвилт со по 25 поени беа најефикасени кај Торонто, а еднаков број на поени на спротивната страна постигна Џош Ричардсон.

Индивидуално ноќта во НБА лигата ја обележа Јанис Адетокумбо. Грчкиот кошаркар во победата на Милвоки над Јута 122:118 постигна 50 поени на кои придодаде 14 скока. За Адетокумбо ова беше втор натпревар во кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени.

Јута ја предводеше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 24 поени.

Резултати:

Кливленд-Бруклин 106:108
Детроит-Орландо 103:88
Индијана-Мемфис 126:114
Атланта-Минесота 113:125
Бостон-Сакраменто 103:102
Мајами-Шарлот 117:100
Торонто-Филалделфија 101:96
Чикаго-Портланд 94:117
Милвоки-Јута 122:118
Сан Антонио-ЛА Лејкерс 104:114
Голден стејт-Оклахома 97:100

Scroll to Top