Top Sport

Богдановиќ се сели во Атланта Хокс?

Богдан Богдановиќ, репрезентативецот на Србија, сигурно ќе замине од Сакраменто Кингс. Богдановиќ има статус на „ограничено слободен играч“, што значи дека може да преговара со други тимови.

Србинот се поврзуваше со Милвоки Бакс, некои медиуми објавија и дека постигнал договор со оваа франшиза, на крајот пропадна размената помеѓу Кингс и Бакс. Целиот трејд е под истрага од страна на НБА, бидејќи се случувал пред поечтокот на преодниот рок.

Богдановиќ се поврзува и со актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс, меѓутоа не е реално тој да заврши таму. Лејкерис веќе потрошија многу пари за да го продолжат договорот со Кентавијус Колдвел-Поуп, го потпишаа Весли Метјуз, а деновиве потпис на новиот договор треба да стави и клучниот играч во походот на титулата, Ентони Дејвис.

Србинот барал четиригодишен договор и околу 18.000.000 долари по сезона.

Таков договор, од 72.000.000 долари за четири години, може да му понудат Атланта Хокс. Атланта имаат најмногу пари во „селери-капот“. Американские медиуми се сигурни дека Богдановиќ ќе заврши во Атланта.

Scroll to Top