Top Sport

Богдановиќ заминува од Атланта?

Српскиот репрзентативец, Богдан Богдановиќ, по само неколку месеци би можел да го напушти тимот на Атланта Хокс. Богдановиќ, пред почетокот на сезоната, од Сакраменто пристигна во Атланта, потпиша четири годишен договор вреден 70 милиони долари.

Американските медиуми, тврдат дека до 25.март, кога завршува преодниот рок во НБА лигата, Атланта ќе се обиде да ги трејдува Богдановиќ и Кем Редиш.

Богдановиќ оваа сезона има просек по натпревар од 9,5 поени, 3,4 скока и 2,3 асистенции. Поради повреда на коленото тој паузираше речиси два месеци.

Според медиумите, планот на Атланта бил поголема шанса да им биде дадена на Хантер и Уертер.

Наводно постои можност Богдановиќ да се врати во Сакрменто, а како дополнителни опции се споменуваат Бостон Селтикс, Детроит Пистонс и Далас Маверикс.

Scroll to Top