Top Sport

МЗТ сериозно ослабен за последниот „балон“ во АБА 2

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде драстично ослабена на претстојниот „балон“ од АБА2-лигата на Златибор. Во последен момент од тимот отпаднаа тројца кошаркари и двајца од стручниот штаб.

Последните три натпревари МЗТ ќе ги одигра без Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, кои имаат посериозни повреде и кои веројатно подолг период ќе бидат отсутни. Олуџоби го повредил коленото, а Гравет имал повреда на мускулот.

Во Скопје останал и Андреј Магдевски, кому денеска му завршува периодот на изолација по прележаниот коронавирус.

На пат кон Златибор не тргнаат ниту новите членови на стручниот штаб, Васко Атанасов и Михајло Шејкеровски, кој ќе ја има улогата на кондициски тренер, кои биле позитивни на последната проверка за Ковид-19 пред тргнувањето кон Србија.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром на средбите против Спарс (вечерва од 21 часот), Горица (четврток) и Златибор (недела) ќе настапи со девет кошаркари во ростерот. МЗТ во моментов е на четвртата позиција на табелата со скор 6-4.

Извор/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top