Четири натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Сакраменто ја прекина низата од пет порази, Кливленд е поразен Филалделфија, Демијан Лилард го предводеше Портланд до триумф над Минесота, а ЛА Лејкерс ја добија пресметката со Мајами.
Леброн Џејмс одигра уште еден брилијантен натпревар (30 поени, 9 скока, 8 асистенции) но без поддршка од сограчите Кливленд не успеа да го совлада талентираниот тим на Филалделфија.
Фила славеше 108:97. Џоел Ембид ооствари „дабл-дабл“ од 17 поени и 14 скока, Дарио Шариќ постигна 16 поени, а Џеј Џеј Редик беше најефикасен со 22 коша.
Лејкерси гостуваа во Мајами и го декласираа домаќинот 131:113. „Езерџиите“ го запишаа чевртиот триумф во низа, а во Мајами најефикасни беа Ајзеа Томас со 29 и Џулиус Рендл со 25 поени. Кај Мајами ветеранот Двеј Вејд постигна 25 поени.
Сакраменто против Бруклин ја прекина серијата од пет порази. Натпреварот во регулерниот дел заврши со резултат 95:95, а по продолжението Саркаменто победи 116:111. Деарон Фокс постигна тројка во последната секунда со која му обездени продолжение на Сакраменто.
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ седум од своите 23 поени постигна во дополнителните пет минути.
Портланд со разиграниот Демијан Лилард славеше во дуелот против Минесота 108:99. Лилард натпреварот го заврши со 35 поени, 7 скока и 4 асистенции. Поен помалку на спортивната страна постигна Карл-Ентони таунс, кој имаше и 17 скока и 2 асистенции.