Top Sport

Почина мајката на Мекејлеб, Бо замина од Сарагоса

Лестер Бо Мекејлеб го раскинал договорот со Сарагоса и се вратил во САД. Мајката на поранешниот македонски репрезентативец починала минатата недела, поради што тој побарал раскин на договорот, потврди клубот изразувајќи сочуство до Мекејлеб и семејстовото.

Мекејлеб (32) во Сарагоса пристигна на 13.декември минатата година. Во просек по натпревар Американецот со македонски пасош бележел 11,9 поени и 3,7 асистенции.

Еден од хероите на Македонија на ЕП во 2011 година во кариерата настапувал за Мерсин, Партизан, Монтепаски Сиена, Фенербахче, Баерн, Лимож и Гран Канарија.

Scroll to Top